Леброн разговараше со Барак Обама. Поранешниот претседател на САД ги советуваше играчите да не ја бојкотираат Лигата

Напаѓачот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс стапи во контакт со поранешниот американски претседател Барак Обама во врска со бојкотот во плеј-офот во НБА, пренесува „The Athletic“.

Разговорот со Обама се случи откако Лејкерс и Клиперс гласаа против понатамошно учество во плеј-офот.

Поранешниот шеф на Соединетите држави беше контактиран од Џејмс, претседателот на синдикатот на играчи Крис Пол и неколку други кошаркари по состанокот на синдикатот.

После тоа, НБА објави дека плејофот ќе продолжи денес, 29 август.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close