Неколку работи што треба да ги знаете за суспензијата на визи за влез во САД

САД ја суспендира обработката на барањата за имигрантски визи за граѓани од 75 земји од целиот свет меѓу кои и Македонија, Јемен и Судан.
Што значи тоа, кога започнува и кого засега?
Апликациите за визи за постојан престој во САД од 75 земји ќе бидат суспендирани почнувајќи од 21 јануари, објави администрацијата на Доналд Трамп.
Меѓу засегнатите се земјите од Африка, Азија, Јужна Америка, Блискиот Исток и Европа – а меѓу нив и сите земји од Западен Балкан, освен, Србија.
Администрацијата на Доналд Трамп ја претставува мерката како обид да се намали, како што велат, прекумерниот товар што го претставуваат имигрантите врз американскиот систем за социјална помош.
„Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека имигрантите мора да бидат финансиски независни и не смеат да бидат финансиски товар за Американците“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент, тврдејќи дека целта на политиката е да се обезбеди дека „имигрантите од 75 земји со висок ризик не користат социјална помош во САД и не стануваат таканаречен јавен товар“.
Што значи суспендирање на визите?
Суспензијата се однесува на обработката на барањата за виза за граѓаните на тие 75 земји кои сакаат трајно да живеат во САД. Технички, апликациите се уште можат да се поднесат, а може да се закажат и интервјуа и состаноци, но постапката нема да напредува до фаза на издавање визи.
Визите што веќе се издадени на државјани на засегнатите земји остануваат важечки. Стејт департментот наведува дека единствениот исклучок од суспензијата е случајот со „двојни државјани, кои аплицираат со важечки пасош од земја што не е на листата“.
Времетраењето на суспензијата е непознато, а постојат стравувања дека може да биде неопределено.
Зошто беше воведена суспензијата?
Владата на САД тврди дека оваа мерка ќе ги намали трошоците за социјална помош бидејќи имигрантите, како што е наведено во друго соопштение од Стејт департментот, „извлекуваат богатство од американскиот народ“.
Всушност, САД веќе имаат правила што дозволуваат одбивање на имиграцијата на имигранти за кои се смета дека веројатно зависат од владина помош. Доколку постои основа за таканаречениот „јавен товар“, т.е. ако властите проценат дека некое лице е товар за јавниот буџет и социјалниот систем, тоа е причината за недобивање постојан престој. Проценката дали мигрантот може да биде одбиен врз основа на ова правило се прави од случај до случај и ја вршат службениците за имиграција.
Сепак, бројот на причини или услови што водат до примена на правилото „јавен товар“ е ограничен.
„Многу програми не предизвикуваат загриженост, вклучувајќи ги здравствените програми како Медикејд и грижата поврзана со ковид-19, програмите за домување и храна, како и многу други основни услуги“, според американската организација Центар за правни ресурси за имигранти (ILRC).
„Само кандидатите за кои е оценето дека веројатно ќе станат првенствено зависни од парична помош за основно одржување или ќе имаат долгорочна грижа на државен трошок може да бидат одбиени“, објаснува организацијата.
Администрацијата на Трамп се обиде да ја прошири примената на правилото на повеќе фактори и програми за време на неговиот прв мандат, но тие промени беа поништени за време на мандатот на Џо Бајден во 2022 година.
Промена на правилата
Засега, правилата од 2022 година сè уште важат. Сепак, минатиот ноември, Министерството за внатрешна безбедност на САД повторно предложи измени и веројатно ќе ги суспендира сегашните правила за „јавен товар“ до крајот на јануари.
Како поинаку администрацијата на Трамп ја ограничува имиграцијата?
Првата година од вториот мандат на Трамп беше обележана со силен фокус на ограничување на имиграцијата. Во јуни, беше воведена целосна забрана за патување во САД за граѓаните на 12 земји. Таа мерка потоа беше продолжена за последен пат во декември на вкупно 39 земји со целосна или делумна забрана за патување. Повеќето од овие земји се наоѓаат во Африка, а некои од Јужна Америка и Азија.
Администрацијата на Трамп, исто така, ја постави најниската квота за прием на бегалци во историјата на САД: само 7.500 бегалци за 2026 година, во споредба со годишната квота од 125.000 што ја постави администрацијата на Бајден.
Владата, исто така, се обиде да ја ограничи имиграцијата на квалификувана работна сила со зголемување на надоместоците на најмалку 100.000 долари за таканаречените H-1B визи – што ги користат американските компании за вработување привремени странски работници.
Значителното зголемување на бројот на агенти на Службата за имиграција и царина (ICE), исто така, беше клучен фактор за намалување на имиграцијата. Министерството за внатрешна безбедност, под чија надлежност работи ICE, наведува дека во текот на 2025 година, 605.000 луѓе биле депортирани, додека дополнителни 1,9 милиони луѓе доброволно ја напуштиле земјата.
Дури и патниците од земји кои не се на ниту една од списоците за забрана би можеле да се соочат со активен скрининг на активности на социјалните мрежи, доколку се спроведе предлогот






