Имобиле може да го замени Суарез во Барселона

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле е во интерес на Барселона, пренесува „Sport.es“. Каталонскиот клуб се подготвува за заминување на напаѓачот Луис Суарез и ја разгледува опцијата за покана на екс-играчот на Севилја.

Триестгодишниот Имобиле разговара со Лацио за продолжување на договорот. Тој сака да добие повеќе од три милиони евра, кои сега ги заработува, а римскиот клуб не е подготвен за него значително да ја зголеми платата.

Минатата сезона, Имобиле им помогна на „лацијалите“ да го заземат четвртото место на табелата во Серија А.Тој исто така ја освои „Златната копачка“, постигнувајќи 34 гола.

Договорот на Италијанецот со клубот од Рим важи до 30 јуни 2023 година

Back to top button
Close