Џафери му одговори на Апасиев на барањето за свикување седница за пратенички прашања

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да свика посебна Седница за пратенички прашања.

Џафери му одговори на Апасиев на барањето:

„Во врска со Вашето барање за свикување посебна седница за пратенички прашања под архивски број 08-2611/11 ид 26 август 2020 година, Ве известувам дека согласно членот 67 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и најмалку 20 пратеници.

Имајќи го во предвид наведеното, укажувам дека вашето барање не го исполнува условото за свикување посебна седница за пратенички прашања“, пишува во известувањето потпишано од Џафери.

ТВ21

Back to top button
Close