Факиќ за „Призма“: Се декриминализира широк спектар злоупотреби со тендерите
Во парламентот, минатиот петок се одржа јавна расправа за измените на Кривичниот законик. Едно од прашањата за кои се отвори дискусија беше ставот 5 од членот за злоупотреба на службената положба и овластување 353, кој се однесува на јавните набавки и за штета направена врз буџетот на државата и јавните фондови. Овој став во 2023 година беше избришан целосно. Сега се воведува повторно, но текстот на членот е многу поразличен од претходно.

Поканетите, како што пишува „Призма“ на јавната расправа во Собранието, рекоа дека со новите измени не се премостува правната празнина, туку се прави уште поголема штета.
Во име на Платформата граѓански организации за борба против корупцијата, на јавната расправа свое излагање имаше Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации, организација која со децении ги следи јавните набавки.
Според неа, за разлика од септември 2023 година, кога измените на Кривичниот законик беа донесени експресно и без јавна расправа, овојпат е позитивно тоа што Собранието организираше јавна расправа и овозможи вклучување на стручната и пошироката јавност.
Сепак, како што вели, останува да се види дали бројните забелешки и предлози ќе бидат суштински земени предвид или расправата ќе остане само формален чекор во законодавната постапка.
Посочи дека анализата на предложениот член 353 став 5 укажува дека предложеното законско решение, наместо заострување на казнената политика, ќе доведе до спротивен ефект.
Целиот текст прочитајте го тука.






