Лидс го купи Родриго за рекордна сума за клубот

Новиот премиерлигаш Лидс објави купување на напаѓачот Родриго од Валенсија. Овој трансфер е рекорден во историјата на клубот, според веб-страницата на Лидс.

Дваесет и деветгодишниот Шпанец потпиша договор со англискиот клуб до 2024 година.

Според британските медиуми, зделката „тежи“ 30 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, 29-годишниот Родриго одигра 34 натпревари за Валенсија, постигнувајќи седум гола и 11 асистенции.

Back to top button
Close