Драматични сведоштва за „Онкологија“: Едни бараат казна, други му благодарат на Нино Васев

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против екс-директорот на Онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување. Рочиштето помина во знакот на емотивни сведоштва на членови на семејствата на починати пациенти, кои ги опишаа последните денови и терапиите примани на Клиниката.

Додека двајца од оштетените се приклучија кон кривичниот прогон и најавија отштета, еден сведок изненади со својата изјава. Тој рече дека ниту бара отштета, ниту сака прогон, бидејќи смета дека терапијата на Васев ѝ го продолжила животот на неговата сопруга.

„Мое лично мислење е дека многу пократко ќе завршеше нејзиниот живот ако останеше да се лекува како претходно. Благодарен сум му на докторот“, изјави овој сведок. Наспроти него, другите сведоци говореа за влошување на состојбата на нивните најблиски по терапиите и дилемите кои ги имале при изборот на лекување помеѓу Македонија и странство (press24)

Back to top button
Close