Призма Анализа – Судијата Ристов – Кариера во сенка на сомнежи

Oд судница до истрага за организиран криминал

Апелацискиот судија Ѓоко Ристов речиси две децении дели правда во името на граѓаните. Само лани има над 300 пресуди и решенија на скопскиот апелациски суд, кои се објавени во судската база. Последната одлука што ја потпишал со колегите е од 9 јануари годинава.

Од неделата наваму, неговото име наместо на пресуди, стои во наредба за истрага за прикривање имот и перење пари.

По она што досега е познато, судијата една година бил на нишан на обвинителството. Стана осомничен откако сестрата на Љупчо Пецов – Ѓаволот, обвинет во случајот „Синџир“, му дала 50 илјади евра на неговиот адвокат и поранешен правобранител Фехми Стафа, за да го поткупи судијата Ѓоко Ристов и да му се укине притворот на нејзиниот брат.

Еден месец откако Стафа беше уапсен, истражителите во домот на родителите на Ристов, пронајдоа алуминиумски ролни со банкноти во вкупна вредност од 350 илјади евра, кои не биле пријавени.

На веб-страницата на скопска апелација, од 2 декември има одлука на совет судии во кој бил и Ристов, со која му се одбива барањето на Пецов да биде пуштен од притвор.

Но, Обвинителството тврди дека располага со докази со кои ќе докаже дека постоела спрега на влијание помеѓу судијата и адвокатот.

Засега нема потврда дека парите пронајдени кај родителите на судијата се од примање поткуп. Неговите адвокати за медиумите објавија дека парите на родителите биле од продажба на земјиште.

Но, долго пред оваа истрага, уште додека Ристов беше основен судија, низ судските кулоари за него се плетеа различни приказни со сомнежи за неговото постапување во одредени случаи. До Судскиот совет за него стигнувале и формални претставки, кои или биле отфрлани или завршувале со блага санкција

Целата анализа ТУКА 

Back to top button
Close