Маја Коневска едногласно избрана за генерален секретар на ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска едногласно ја избра Маја Коневска за генерален секретар на ДКСК која во моментот е распоредена на работното место раководител на сектор за стратешко планирање и интегритет во државната комисија.

Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, на седницата на која беше разгледан предлогот за избор објасни дека изборот на нов генерален секретар е потребен поради тоа што со неговото назначување за претседател му престанале надлежностите кои претходно ги имал на оваа функција.

Чучуљ ја образложи причината за предлогот Коневска да биде избрана на функцијата, нагласувајќи дека таа е дел од секретаријатот од 2005 година и има 20-годишно континуирано искуство. Во тој период, како што истакна, таа напредувала низ повеќе работни места и била на различни раководни позиции, од раководител на одделение до раководител на сектор, каде што е ангажирана и во моментот.

Тој додаде дека долгогодишниот ангажман на Коневска значително придонел за развојот на институцијата, особено во делот на меѓународната соработка, комуникацијата со граѓанскиот сектор и учеството во подготовката на клучни стратешки документи, меѓу кои државните програми и националните стратегии. Чучуљ изрази уверување дека Коневска успешно ќе се справи со предизвиците на функцијата генерален секретар

Back to top button
Close