Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, синоќа извршија обиколка на кејот на реката Вардар, каде што официјално започнува реконструкцијата на спортските терени. Скопје, како што објави на социјалните мрежи Ѓорѓиевски, добива уште еден значаен проект за унапредување на јавниот простор и спортската инфраструктура.

Проектот, како што соопшти Град Скопје, опфаќа изградба на нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и современи фитнес зони на отворено, со цел создавање здрави навики, активен живот и еднакви можности за сите генерации.
Паралелно, ќе бидат унапредени и ставени во функција и спортските терени во Маџир Маало, како дел од визијата за рамномерен развој и инвестирање во здравјето на граѓаните и иднината на Скопје.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата.





