Стармер до Карни: Велика Британија не гледа потреба за нов светски поредок

Британскиот премиер Кир Стармер ја отфрли идејата на својот канадски колега Марк Карни за обединување на средните сили против големите глобални сили, нагласувајќи дека Велика Британија претпочита да применува „здрав разум“ во меѓународните односи.

Стармер, кој денеска треба да пристигне во Кина како дел од посетата насочена кон рестартирање на билатералните односи со оваа азиска земја, за време на летот за Пекинг изјави дека британскиот прагматичен пристап ќе ѝ овозможи на земјата да балансира меѓу САД, ЕУ и Кина, објави бриселски Политико.

 

Неговата посета вклучува средба со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и средби со британски бизнис лидери.

 

На Светскиот економски форум во Давос, Карни минатата недела ги повика средните сили да работат заедно за да „изградат нешто поголемо, подобро и пофер“, критикувајќи го сопствениот интерес на големите сили.

 

Стармер одговори дека Велика Британија не гледа потреба за „нов светски поредок“ и се фокусира на одржување добри односи со клучните партнери.

 

„Јас сум прагматичар, британски прагматичар кој применува здрав разум. Задоволни сме што имаме добри односи со САД во одбраната, безбедноста, разузнавањето, трговијата и просперитетот. Исто така, работиме на зајакнување на нашите односи со ЕУ“, рече Стармер.

 

Тој додаде дека неговата влада не гледа конфликт меѓу САД и Европа и ќе продолжи да развива економски и дипломатски врски со Кина, заштитувајќи ја националната безбедност.

„Кина е втора најголема економија во светот и еден од нашите клучни трговски партнери. Се стремиме кон сеопфатен и конзистентен пристап“, рече Стармер.Британската влада, под притисок од опозицијата поради повторното ангажирање со Кина, наведува дека ќе „соработува, ќе се натпреварува и, доколку е потребно, ќе го предизвикува Пекинг, а во исто време ќе се стреми да ја зајакне економската стабилност во земјата“.

Back to top button
Close