На СВП се оддржа манифестацијата Версополис – европска поетска платформа за нови можности за младите европски поети

– Синоќа, до доцна во ноќта, на терасата од хотелот Дрим, се одржаа уште две манифестации, во рамките на годинешните Струшки вечери на поезијата.

Најнапред – Версополис, која е всушност, европска поетска платформа која создава нови можности за новите европски поети и е поддржана од програмата за креативна Европа на Европската Комисија.

Одлични млади поети пишуваат песни на различни јазицино честопати се непознати надвор од границите на јазикот во кој пишуваат

Целта на Версополис е да го смени тоасоздавајќи уникатна платформа ширум Европа која им дава можност на новите европски поети да станат меѓународни поетски ѕвезди.

Оваа година, повторно, СВП ја продолжува сорабтката со платформата Версополис,при што четворица  поети од различни земји  ја претставија нивната поезија пред струшката публика. 

Нивната поезија беше преведена на македонски јазик и беа издадени 4 книги како дел од проектот Версополис. 

Поетите, спречени физички да допатуваат до Струга, своите стихови ги испратија во дигитален формат преку видео учество.

Карен Меккарти Вулф – родена во Лондон, од мајка Англичанка и татко Јамајканец. Нејзината дебитантска збирка „Птичарник за ситни птици“ беше на потесната листа за Наградите „Форвард“ и „Џервуд“. Според „Би-би-си артс“, нејзината втора поетска збирка „Сезонски вознемирувања“ е еден „итар и нијансиран осврт кон природата, миграцијата, градот и она што е свето“, а била напишана кога таа била ангажиран уметник во Националниот поморски музеј. Таа е во моментов постдокторант и ангажиран уметник од програмата „Фулбрајт“ во Институтот за човекови права „Промис“ на Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес, со цел да истражува како поезијата се комбинира со меѓународното право за да изразува безбеден простор во сложена околина. Нејзините дела се преведени на турски, шведски, италијански и шпански јазик, биле направени во поетски филм, прикажани во лондонското метро и фрлени од хеликоптер врз Вестминстерската палата.

Ариел Шпиглер – родена во Сао Паоло во 1986 година. Студирала филозофија на Универзитетот „Сорбона“. Во 2011 година таа успешно го положила тестот на Француската јавна служба, и неколку години предавала филозофија. Дала отказ со цел да се посвети на пишувањето. Пее во барови и понекогаш работи за најразлични издавачки куќи. Во 2016 година, започнала да ги издава нејзините песни во најразлични списанија каде наидува и на поддршка од критичарите.  Во јануари 2017 година,  ја објавува нејзината прва збирка „Ова е причината поради која младите девојки ве сакаат“ („Едитионс де Корелвур“), која доби пофалби во медиумите, особено од „Ле монде“, „Ле матрикул де Ангес“, „Телерама“, „Либератион“ и „Лахуманите“.  Добитник на Наградата „Гијом Аполинер“. Нејзината втора книга излегла од печат во 2019 година, како дел од белата колекција на „Галмард“. „Некои ѕвезди“ е ситна публикација напишана конкретно за Версополис. Таа ги проткајува заедно светот на песната, приказната на акробатите и молитвата“.

Ален Брлек (1988, Загреб, Хрватска), добитник на Наградата „На врх језика“ за неговата прва поетска збирка „Метакморфози“ (2014). Неговата втора поетска збирка „Пратишина“, била објавена во Србија, од издаваштвото „Контраст“ во 2017. Неговата трета книга, „Санг“, објавена во 2019 година во ХДП, Хрватска, била добитник на Наградата „Кирин“ за најдобра поетска збирка таа година. Книгите можат да се читаат како трилогија на телото, умот и душата.Неговите песни се преведени на повеќе јазици и се објавени во бројни публикации; а од неодамна може да се најдат во изборот на хрватска поезија „Работа на страницата“ на Марко Погачар.

Франка Манчинели е авторка на три поетски книги: „Мала круна“ (2007), „Мајчино тесто“ (2013), и „Книшка за транзит“ (2018). Нејзината последна книга е објавена на англиски јазик The Little Book of Passage (The Bitter Oleander Press, Fayetteville, New York, 2018) во превод на Џон Тејлор. Во 2019 истиот издавач ги објавува и преводите на нејзините први две книги, заедно со неколку необјавени песни: At an Hour’s Sleep from Here: Poems (2007 – 2019). Нејзината нова поетска стихозбирка „Сите очи што ги отворив“ ќе излезе годинава од издавачот „Маркос и Маркос“ во Италија.

Последната манифестација беше Вечер на Слем Поезија, со модераторство на  Елена Пренџова,додека свои стихови читаа: Игор Трпчески, Елена Пренџова, Исток Улчар, Горазд Китановски, Перо Сарџовски. 

Веле Митаноски

Back to top button
Close