Мирор: Барселона е подготвена да го продаде Меси на Манчестер Сити за 280 милиони евра

 Барселона е подготвена да го продаде напаѓачот Лионел Меси во Манчестер сити. Шпанците бараат 280 милиони евра од Британците за 33-годишниот Аргентинец, пренесува „Mirror“.

Барселона е исто така подготвена да разгледа опција со размена на играчи и дополнително плаќање од англискиот клуб.

Претходно Меси и соопшти на Барселона за желбата да си замине. Меѓу кандидатите за негов следен клуб се и Интер, Јувентус и ПСЖ.
Меси целата своја досегашна кариера ја помина во Барселона за која дебитираше во 2004 година.

Аргентинецот ја освои „Златната топка“ шест пати.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close