Алиу: Ќе ги анализираме информации за мозоците испратени од Македонија во САД
Министерот за здравство Азир Алиу за досието „Епштајн“, во кое Македонија беше спомената и како извор за мозоците на луѓето кои биле испратени на експерименти во САД
Во Аферата Епштајн, Македонија се споменува како извор за транспорт на човечки мозоци за експерименти.
„Имав состанок во министерството со различни сектори, создадовме работна група која ќе го следи административниот аспект за наведениот период доколку имало некаков меморандум за научно истражување или анализа. Во моментов тоа е во рамките на шпекулации, но ние ќе го испитаме.
Секоја информација што ќе ни дојде, формална или неформална, должни сме да ја анализираме, за да видиме дали е вистинита или не. И заради транспарентноста и довербата што сакаме да ја создадеме кај граѓаните, ги информираме“, рече Алиу.






