Со 62 за и 51 против избрана новата влада на Република Северна Македонија

Собранието пред полноќ ја избра  новата  влада. Со 62 гласа ЗА и 51 против пратениците го изгласаа новиот владин кабинет предложен од мандатарот Зоран Заев. На гласањето му претходеше 2 дневна расправа на која опозицијата со низа дебати се обидувше да објасни зошто нема да и даде подршка на владата предложена од Заев. веднаш откако беше изхгласана влада, пратениците на опозиционата ВМРО ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала.

Новата влада ке има 19 наспроти 26 министерски места кои ги имаше во претходната влада.

Во завршното обраќање пред пратениците Заев рече дека државата, која сега е членка на НАТО и има одлука за преговори со ЕУ, со посветеност и заедничка работа ќе има институции со кои ќе се гордеат сите. Најави целосна посветеност на економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување што е можно повеќе странски инвестиции.

-Претстои стабилен политички период, одлучна и бескомпромисна борба против сивата економијата, криминалот и корупцијата, ефикасен транспарентен и одговорен правен систем, вети Заев, повикувајќи ја опозицијата на соработка.

Во текот на дводневната расправа пратениците од опозицијата упатија критики до старо новата владејачка коалиција СДСМ-ДУИ за лоши резултати во работењето во изминатите три години во борбата против корупцијата, владеењето на правото, спречување на иселувањето, состојбата во економијата, справувањето со пандемијата со Ковид-19. На новата влада и прогнозираа краток мандат поради кревкото мнозинство, а програмата ја оценија како нереална.

Пратениците од власта истакнаа дека во изминатиот период донеле тешки, крупни и државнички одлуки, во интерес и на граѓаните и на државата, ја отстраниле последната пречка од евроинтеграциски пат, ја внеле државата во НАТО и оти почнуваат преговори со ЕУ.

Вториот владин кабинет на Заев го сочинуваат 19 министри, седум помалку од претходната Влада.

Премиерот има четворица заменици,  Љупчо Николовски, кој е избран за вицепремиер за борба против корупција, Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем, како и Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија и Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања.

За членови на Владата се избрани: Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши министер за економија, Насер Нуредини министер за животна средина и Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација, Аријанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Горан Милевски министер за локална самоуправа.

Владината коалиција на СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, во Собранието има парламентарно мнозинство од 62 пратеника, избрани на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули годинава.

Back to top button
Close