Дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Дојави за поставени експлозивни направи утринава се пристигнати до неколку училишта во Скопје и Тетово.

Од МВР потврдуваат дека вакви случаи денеска се пријавени кај нив.
-Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР






