MНР: Над 400 граѓани побарале информации за евакуација, 30 сакаат веднаш да ја напуштат земјата

Согласно последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, во моментов повеќе од 400 граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика.

Со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.

Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е во постојана комуникација со пријателските земји и меѓународните партнери со цел координирано и успешно спроведување на постапката.

За граѓаните кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, согласно информациите и насоките од надлежните институции, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. За македонските државјани кои се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи.

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

 

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

 

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546

Back to top button
Close