СДСМ: За случајот во Карпош каде животот го загубија мајка и дете имало 12 пријави за семејно насилство

Христијан Мицкоски по секоја цена го брани Панче Тошковски, дури ги обвинува и жртвите на семејно насилство.„Пријавете“ им вели Мицкоски бранејќи го Панче. Демек до пријавите било. 12 пријави имало за случајот во Карпош каде животот го загубија мајка и дете. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство.
И МВР и Панче Тошковски што направиле? Имале сознанија и индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Дополнително, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност.
МВР потфрли и со случајот во Велес и не реагираше навреме.
МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане. Две години ги игнорирале пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне.
Прично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага.
Не е до пријавите туку до потфрлањата на МВР кое го води Панче Тошковски.
Проблемот почнува од врвот.
Панче, ОСТАВКА!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ






