Регистрирани две нови единки балкански рис на Шар Планина

Националниот парк Шар Планина информира дека со нивниот видео надзор во заштитеното подрачје се регистрирани две нови единки на Балкански рис.

Со овие два риса, сега евидентирани се вкупно пет вакви диви животни кои спаѓаат во категорија на ретки и загрозени видови.

-На нашите трап-камери, на територијата на Паркот, неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис. Истите се забележани при вршење на редовен мониторинг, на делот од територијата кој административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани единки од рис се зголемува од три на пет. Двете единки се во добра здравствена состојба, што претставува показател за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина – соопштија од НП Шар Планина.

На почетокот на 2026 година Национален парк Шар Планина најави дека годинава егзистенцијата на реткиот и загрозен вид на диво животно – балкански рис ќе има понтензивирано следење, како резултат на продлабочување на соработката со Македонското еколошко друштво (МЕД).

Набавени се дополнителни фотозамки за мониторинг на дивиот свет.

Ренџерска служба на националниот парк Шар Планина во 2024 година со камера го лоцираше рисот на локацијата Долна Лешница.

На планините пред сè западниот дел од државата се проценува дека има околу 40-тина единки.

Back to top button
Close