СКАНДАЛ СО НАРОДНИТЕ КУЈНИ – НАМЕСТО ЗА ТОПОЛ ОБРОК 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ФРЛААТ ЗА ПАШТЕТИ

Додека државата плаќа 239 денари по оброк за најранливите категории граѓани, или 1,5 милиони евра за 375.000 оброци годишно, реалноста откри срамна и понижувачка слика каде наместо топли оброци корисниците на „народните кујни“ добиваат суви оброци, паштети, нарезок и сокчиња што не одговара на договореното мени меѓу државата и „Парти сервис лео“, фирма која го добила тендерот. Ова отвара сериозни сомнежи за злоупотреба на државни средства и целосен распад на системот на социјална заштита.
👉Теренските проверки и наодите на Центарот за граѓански комуникации укажуваат дека договореното мени не се почитува. Наместо разновидни оброци со месо, риба или вариво се делат оброци кои воопшто не се предвидени, а во одредени случаи и суви пакети со леб, паштети и сок.
🍽️Дополнително загрижува фактот што според истражувањето и сведочењето на корисниците храната често е со слаб квалитет, не е топла и нема вкус па затоа останува и неизедена. Уште попонижувачки е начинот на дистрибуција.
🚐Храната се дели на улица од комбиња, наместо во соодветни простории што претставува понижување за најранливата катергорија граѓани.
💸Сериозни сомнежи отвара и големата разлика во цените на храната во различни градови. Така во Скопје оброкот чини 239 денари, додека во Тетово истиот се обезбедува за 105 денари преку јавна институција. Останува прашањето каде завршуваат над 130 денари разлика по оброк и кој профитира од оваа несразмерност.
🚨Целиот процес е дополнително компромитиран со фактот дека тендерот бил поништуван двапати, а станува збор за прва ваква набавка спроведена од Министерство за социјална политика, демографија и млади. Иако договорот дозволува измени во менито истите можат да се направат исклучиво во договор со министерството за што досега нема соодветни докази дека е испочитувано. И покрај очигледните докази од терен од Министерството тврдат дека сѐ е согласно договорот, дека се прават ротации во менито и дека нема официјално поднесени поплаки.
❌Иако, на хартија, државата зборува за „народни кујни“ како симбол на грижа и солидарност, реалноста покажува спротивна, срамна и понижувачка слика. Наместо функционални и достоинствени простори, тие се запуштени или целосно ставени вон употреба. Ваквиот пристап не само што не ги задоволува основните потреби на граѓаните, туку придонесува и за нивна дополнителна стигматизација. Ова не претставува социјална политика, туку пример на институционализирана понижувачка сиромаштија.
#Левица бара итна и целосна ревизија на договорот со „Парти сервис лео“, објавување на сите извештаи и контроли од страна на Министерство, како и утврдување на кривична одговорност доколку се потврдат злоупотреби. Потребна е суштинска реформа и враќање на концептот на вистински народни кујни кои ќе обезбедат топол оброк во достоинствени услови и усогласување на цените со реалните трошоци за да се стави крај на оваа недозволива пракса.

Соопштение на Левица 

 

Back to top button
Close