Болниците во Македонија да проверат уште колку хелиум имаат за апаратите за магнетна резонанца, поради војната во Иран
Фондот за здравство упати предупредување до јавните здравствени установи што имаат апарати за магнетна резонанца да проверат уште колку хелиум имаат и да набават од овој гас неопходен за функционирањето на магнетната резонанца, затоа што постои можност наскоро поради војната во Иран, истиот да не биде достапен на европскиот пазар.

Моментално цената на хелиумот е зголемена за 30 проценти и се очекува цената дополнително да галопира.
…






