Иран претстави мировен план во 10 точки: Такса од два милиона долари по брод за минување низ Ормуската теснина

Иран презентираше предлог од 10 точки за прекин на конфликтот со САД и Израел, што, меѓу другото, предвидува воведување на такса од околу два милиони долари по брод за премин низ Ормуската Теснина, а приходите ќе се користат за обнова на инфраструктурата уништена од американските и израелските напади.

Двајца високи ирански функционери, зборувајќи под услов да останат анонимни, рекоа дека предлогот вклучува гаранција дека Иран нема повторно да биде нападнат, крај на израелските напади врз Хезболах во Либан и укинување на сите санкции, објави „Њујорк тајмс“.

 

За возврат, Иран ќе ја укине де факто блокадата на преминот и ќе ги дели приходите со Оман, додека целиот предлог ќе вклучува протокол за безбедно преминување, обнова на инфраструктурата и прекин на регионалните непријателства.

 

„Аксиос“ претходно, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори, објави дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијално 45-дневно примирје како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната. Договорот, привремено наречен „Договор од Исламабад“, би вклучувал регионална рамка за теснината, со финални разговори лице в лице во Исламабад.

Ирански претставници претходно изјавија дека Техеран бара траен прекин на огнот со гаранции дека нема повторно да биде нападнат од САД и Израел.

Back to top button
Close