Мицкоски најави нови мерки за намалување на цените, но откако ќе разгледале што и колку е поскапено
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува нови мерки по растот на цените, предизвикан од војната на Блискиот Исток, но нагласи дека тие ќе следуваат по детална анализа.

“Јас прво денеска очекувам да добијам извештај и да ги анализираме овие денови, и откако ќе го анализираме многу внимателно, тогаш сигурно ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме тие да бидат овој пат микротаргетирани“, изјави Мицкоски .






