Запленета дрога во локал во Тетово, уапсено 16-годишно лице

Во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16-годишник поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес во локал во градот, извршен со согласност од сопственикот, а кој малолетникот го користел под наем, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, како и една кутија и ќеса со марихуана и едно пакување со прашкаста материја.

Лицето е задржано во полициска станица, а во присуство на родител ќе биде извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

Back to top button
Close