СДСМ поднесе интерпелација за Цветан Трипуновски поради корупција, скандали и сомнежи за злоупотреба на функцијата
Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, објави на Фејсбук поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник Љупчо Николовски

– Денес пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, прва интерпелација од наша страна за оваа Влада.
Интерпелацијата се темели на сериозни и алармантни причини: корупција и сомнежи за злоупотреба на функцијата, клиентелизам, промашени и штетни политики, селективна распределба на субвенции и целосен недостатоток на јасна стратегија, што доведе до уназадување на секторот и растечко незадоволство кај земјоделците.
Во Собранието детално ќе ги изложиме фактите и аргументите. Одлуката е на пратениците, дали ќе дозволат земјоделството да продолжи да тоне или ќе застанат зад одговорност, транспарентност и вистински политики што носат резултати, објасни Николовски во објавата






