(Фото) Со автомобил удрил во бандера и во дрво – тројца повредени во сообраќајка во Аеродром

Сообраќајната незгода се случила кога 23-годишен возач од Скопје со автомобил марка „мини купер“ излетал од коловозот на булеваротот „Кузман Јосифовски Питу“ во Аеродром и удрил во метална канделабра и дрво

Три лица се повредени во сообраќајка што утрово се случи на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во близина на трговскиот центар „Скопјанка“ во скопски Аеродром.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи (МВР), сообраќајката е пријавена утрово околу 05:10 часот, кога патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М. (23) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во метална канделабра и дрво.

„Во незгодата со телесни повреди се здобија возачот и сопатниците Л.С. (25) и Т.Г. (21), сите од Скопје. Повредите се констатирани во Ургентниот центар при Клинички центар ‘Мајка Тереза‘ во Скопје“, се вели во соопштението од полицијата.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Скопје.

Извор: 360stepeni.mk

Back to top button
Close