Водовод Скопје со акција: Плаќање долгови без камата до 5 јуни

ЈП Водовод и канализација – Скопје започнува акција за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата, информираат од претпријатието.
Акцијата ќе трае од 20 април до 5 јуни 2026 година, период во кој граѓаните ќе можат да ги подмират долговите за потрошена вода, и тужени и редовни, на рати и без дополнителни трошоци за камата за задоцнето плаќање.
Од претпријатието ги повикуваат сите корисници со заостанати обврски да ја искористат оваа можност и да ги регулираат долговите под поволни услови.
Акцијата, сепак, не се однесува на органите на државната и локалната власт, како и на институции од јавен интерес, вклучително агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата или општините.
По истекот на рокот, односно по 5 јуни, одлуката престанува да важи.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Дежурно-информативниот центар на телефон 02 3073 010 или во Дирекцијата на 02 3240 300, како и преку електронската пошта [email protected] или веб-страницата на претпријатието. објави Скопје1.мк
По истекот на рокот, односно по 5 јуни, одлуката престанува да важи.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Дежурно-информативниот центар на телефон 02 3073 010 или во Дирекцијата на 02 3240 300, како и преку електронската пошта [email protected] или веб-страницата на претпријатието, објави Скопје1.мк






