Земјотрес ја потресе Македонија!

Вечерва во 22:26 часот е регистриран слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија, во близина на Дојранскиот регион.
Според достапните податоци, земјотресот имал јачина од 1, 7 степени според Рихтер, што значи дека бил многу слаб.
Епицентарот бил на длабочина од околу 10 километри.
Експертите посочуваат дека ваквите мали тектонски движења се честа појава во регионот и обично поминуваат без последици, објави 4news.mk






