ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како што се наведува во нивното соопштение, изразува загриженост за, како што го оценуваат, сериозната политичко-правна ситуација поврзана со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.

Од партијата тврдат дека постојат информации за судско досие од 320 страници поврзано со наводни неправилности во областа на нелегална градба во Чаир, кое, според нивните наводи, содржи обвинувања за штета врз општинскиот буџет во износ од 72 милиони евра
ДУИ во соопштението наведува дека ваквата состојба претставува и правен и политички скандал, при што изразуваат став дека, како што велат, постои впечаток дека документите се користат како средство за политички притисок.
Во реакцијата се посочува и дека, според нив, останувањето на Меџити на функцијата претставува товар врз граѓаните на Чаир, кои ги трпат последиците од, како што велат, недоволно одговорно управување.
ДУИ наведува дека штетата од 72 милиони евра значи недостиг на инвестиции во инфраструктура, образовни и здравствени објекти, како и во јавни услуги за граѓаните.
Како што се додава во соопштението, партијата бара Меџити да поднесе оставка од функцијата градоначалник и да се соочи со, како што велат, правните постапки надвор од политичката функција.
ДУИ истакнува дека ќе продолжи да инсистира на одговорност за, како што наведуваат, секоја штета направена врз општинскиот буџет и повикуваат на реакција од институциите и јавноста, нагласувајќи дека молкот и неактивноста претставуваат соучесништво






