Големо заладување пристигнува во Македонија: Студен фронт од север носи нагла промена на времето
Граѓаните треба да се подготват за значителна промена на временските услови почнувајќи од вечерашните часови. Според најавите на метеорологот Славчо Попоски, територијата на државата е под влијание на студен атмосферски фронт кој пристигнува од север.

Овој фронт, според анализите, ќе предизвика нагла и голема промена на времето во текот на ноќта, продолжувајќи во вторник, на 21 април 2026 година.
„Од север полека ни надоаѓа најавениот ладен атмосферски фронт. Многу добро знаете дека токму овој ладен атмосферски фронт од север ќе ни донесе нагла и голема промена на времето уште оваа ноќ кон утрешниот ден вторник“, информира Попоски.
Се очекува наглиот пад на температурите и промената на условите да бидат почувствувани низ целата земја, со што завршува периодот на релативно постабилно време






