Џип удри во жена на пешачки премин во Скопје
Попладнево на улицата Васил Ѓоргов, кај трговскиот центар „Зебра“ во скопската населба Капиштец црн џип удри во жена на пешачки премин.
По несреќата, како што информираат, на местото пристигна Брза помош, која ја пренесе повредената жена во болница.
Сведок на несреќата рече дека жената самата успеа да стане по ударот.
Возачот на џипот разговараше со полицијата додека се вршеше увидот.
Нема официјални информации за тежината на повредите, ниту, пак, за тоа како дојде до несреќата.






