Видео: Заев дојде на Бихачка на роденденскиот коктел

Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) вечерва одбележа 35 години од своето основање на свечен настан на кој присуствуваа членови и поддржувачи на партијата.

 

Настанот привлече внимание и поради првото јавно појавување по подолг период на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Тој се појави на самата завршница на свеченоста, околу пет минути пред крајот, откако веќе завршиле сите говори и музичкиот дел од програмата.

 

Според снимките од настанот, Заев беше пречекан со аплауз од присутните, а дел од гостите му приоѓаа, се поздравуваа, го прегрнуваа и се фотографираа со него.

Во еден момент, тој ја здогледува Каја Шукова,се поздравува со нејзе и ја прегрнува, а потоа со насмевка на останатите присутни им вели: „Шо праите бе, другари“.

На видеото може да се слушне како Заев се извинува за доцнењето, велејќи: „Извинете на доцнење сега, ама морав таму на промоција на тоj филмот“.

Неговото појавување предизвика интерес кај дел од присутните, имајќи предвид дека подолго време не беше активен во јавниот политички живот.

Видеото на следниот линк

 

 

Back to top button
Close