До четврток нестабилно време со дожд и утрински температури под нулата
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а денес и утре и појава на грмежи, соопшти УХМР.

Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m².
Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен





