Промоција на документарниот филм „Договор со историјата“ за Преспанскиот договор

Вчера на Филолошкиот факултет во Скопје се одржа промоција на документарниот филм “Договор со историјата“, сведоштво за случувањата околу потпишувањето на Преспанскиот договор – документ што според еден од авторите, новинарот Душко Арсовски, се уште предизвикува реакции во Македонија.Како што порача тој, тоа бил и поводот да се осврнат на ваков начин на Договорот и со документарниот филм да поттикнат други истражувања и дебати.

Филмот со грант го поддржа американската амбасада, а го реализираа Душко Арсовски преку невладината Диверзити медиа и колумнистката Соња Крамарска.

 

 

 

Филмот е снимен во Скопје, Атина, Њујорк и Преспа и во него со свои искажувања учествуваат главните актери, екс премиерот Зоран Заев, поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, преговарачот Метју Нимиц, екс министрите Никола Димитров, Бујар Османи, Денко Малески и други кои индиректно учествуваа во неговото создавање.

На промоцијата на филмот беше присутен Заев, кој во своето сведоштво порача дека пред да го потпише Преспанскиот договор бил свесен дека кај многумина нема да наиде на одобрување, но сепак го направил тоа бидејќи верувал дека е во интерес на државата

Back to top button
Close