Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка

Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка.

„Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар. Директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2). Составен е Записник за неовластено користење. Поднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ и изготвена е фактура за надомест на штета во износ од 1.361.599,00 денари“ информираа од Електродистрибуција

Back to top button
Close