Почина Лилјана Алтипармакова- новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија
Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија, објави семејството на Фејсбук.

Алтипармакова го поминала целиот работен век во МРТВ како спикерка, новинарка и уредничка, останувајќи едно од препознатливите имиња и лица на оваа медиумска куќа.
Погребот ќе се одржи на 22 април од 11:30 часот на гробиштата Бутел во Скопје





