Мотоциклист нападнал малолетник и се обидел да прегази друг, откако децата го погодиле со балон со вода
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.З.(57) од Скопје пријави дека околу 15:15 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Според пријавителот, неговиот син заедно со неколку другари наполниле балонче со вода и фрлиле кон лицето, кое управувало мотоцикл и го погодиле во задното тркало, по што лицето застанало и почнало да ги брка, го стигнал неговиот син и физички го нападнал, по што се обидел да прегази друг малолетник, но детето побегнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот





