ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Социјалдемократскиот сојуз, предводен од Венко Филипче, сѐ повеќе се оддалечува од интересите на граѓаните и членството, ставајќи се, како што велат, во функција на странски политички агенди.

Од партијата тврдат дека генералниот секретар на СДСM, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со српскиот опозициски политичар Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој, според нив, дошол во Скопје со цел да воспостави соработка и евентуален заеднички опозициски фронт.

„Оваа средба отвора сериозни прашања за насоката и приоритетите на СДС. Наместо фокус на домашните предизвици, се прават обиди за вклучување во политички процеси надвор од државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата поставува повеќе прашања до Димитријевиќ, меѓу кои дали на средбата присуствувале и други високи политички функционери, како и детали околу пристигнувањето на Ружиќ во Скопје.

Back to top button
Close