Камион излета и се преврте на обиколницата кај Скопје, две лица со повреди во болница
Камион излета и се преврте на обиколницата кај Скопје, две лица со повреди во болница

Товарно возило излетало од патот и се превртело во канал на скопската обиколница, при што се повредени возачот и сопатникот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена утринава околу 06:20 часот во СВР Скопје, а се случила на еден километар пред клучка Приштина. Според информациите, станува збор за товарно возило „мерцедес“ со приколка со косовски национални ознаки.
По несреќата, повредените биле пренесени со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им е укажана медицинска помош.
Надлежните работат на утврдување на причините за сообраќајната незгода.






