Скопјанка возеше велосипед на кеј ја нападна глутница кучиња

Скопјанката Ирена Нелковски, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видео како била нападната од глутница кучиња на кејот на реката Вардар.
„Вака почна, навидум безбедно, со селфиња и клипчиња за на инста, тик ток и фб, со уживање во природа на кеј, урбана средина, милина.
Среда 22 април 2026 година, околу 7 часот наутро, реон велосипедска патека по кеј на потег од адреналински парк во Карпош 4 до Александар Палас. Со велосипед одам на работа и ја возам патеката редовно изминативе две три години. Иначе сум кучкар по природа и дома чувам куче, го познавам однесувањето на кучињата, сум се сретнала со чопор од пет шест кучиња особено кога го шетам моето, знам да реагирам, да пазам, да се однесувам соодветно и да реагирам соодветно кон непознати кучиња особено кога се во група. Не ми е прв пат нели. На овој потег последниот период ја забележувам групата на кучиња околу адреналинскиот парк, знаат да се пуштат по точак, тротинет, луѓе што трчаат. Го познавам природниот инстинкт на група кучиња, територијални, на кои особено им се фокус тркала што се вртат, мотори, коли. Нејсе, ама тоа што го доживеав утрово на пат кон работа не е нормално за никој, па ни за мене. На клипот кој го снимив се гледаат четири пет кучиња како ми се пуштија нели со својот нормален животински инстинкт на напад или одбрана на територија како сакате речете, дури за мене и очекувано со оглед на она што претходно ви кажав за мене како кучкар, па дури немав страв ги снимав, останав смирена без некоја посебна реакција кон нив со очекување дека по кратко време ќе се откажат, изморат, ќе ја поминам трасата која ја бранат и тука ќе заврши сѐ. Не ме исплашија иако за други луѓе верувам дека и ситуацијата на клипчето би им се видела доста страшна. Она што ме исплаши беше следното. Од пешачката патека горе на кејот едно по едно почнаа кон групава на четири пет кучиња да се приклучуваат нови и нови, сите агресивни го следат чопорот. Можеби беа околу 20 ако не и повеќе. За жал веќе почнав да се чувствувам небезбедно за да снимам и да возам и го оставив телефонот. Премногу беа и почнаа да се пуштаат доста агресивно. Забрзав со возење со надеж дека ќе ги одминам но се појавуваа нови и нови. Сега веќе почна да ме фаќа страв особено што на два три пати осетив како ги звалечкуваат дисаѓите кои ми висат на точакот во обид да изгубам рамнотежа и да паднам. Од тоа најмногу се плашев бидејки ако паднев оној чопор разулавен од најмалку 20 кучиња немаше да ме остави на мира, толку ќе ми беше. Уште пострашно што немаше жив човек во околината било како да ми помогне и да ме одбрани од кучињата доколку паднев. Јас имав преголема среќа, ама она што го видов не е нормално за урбана средина. Воопшто не е нормално. Премногу се, им го разбирам и инстинктот и однесувањето, но толкава група на кучиња се опасни за било кого. Воопшто не е безбедно за никој и крајно време е некој одговорен да преземе сериозни мерки бидејки прашање на минути е кога некој ќе настрада па последиците да бидат огромни. Играње со безбедност и човечки животи е преголема цена . Среќата на преживување и избегнување на опасноста не е средство за надминување на проблемот и состојбата која не затекла. А одговорните конечно да се освестат дека го претераа со нивното не превземање на мерки или погрешни решенија. Крајно време е!!!“, напиша таа на Фејсбук.






