Акција на полицијата за нелегални медицински третмани и нерегистрирани препарати. Приведени 5 доктори

Полицијата, поточно Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, спроведе акција во текот на денот во рамки на истрага за сомнежи поврзани со нелегални медицински третмани и дистрибуција на нерегистрирани препарати, неофицијално дознава „Фокус“.

 

Според информациите, полициската акција била координирана и реализирана на повеќе локации низ државата, со цел разоткривање на мрежи кои, според неофицијални сознанија, изведувале недозволени медицински интервенции и пласирале препарати без соодветна регистрација.

Сомневањата се дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати, кои биле внесувани во Македонија преку нелегални канали од повеќе држави, меѓу кои Кина, Турција и од Србија. Производите, кои потоа биле пласирани на пазарот, немале соодветна контрола, дозволи, ниту регистрација.

Овие препарати, кои често се користеле под превезот на естетски третмани, наместо подобрување на изгледот, можеле да предизвикаат сериозни здравствени последици – инфекции, деформитети, трајни оштетувања, па дури и ризик по животот на граѓаните.

Случајот отвора сериозни прашања за злоупотреба на довербата на пациентите и за опасностите од нерегулирани медицински интервенции.

Надлежните институции најавуваат дека борбата против ваквите криминални структури ќе продолжи со засилено темпо, со цел целосно расчистување на случајот и санкционирање на одговорните.

Според сознанијата кои ги објавија повеќе медуими во акцијата биле опфатени докторите:

Наташа К. – 8 – септември дерматолог,
Арбен К. – 8- ми септември дерматолог,
Дејан Ф. – Клиника за дерматологија,

Магдалена И.В. – доктор 8- септември и
Андреа Т.

Од надлежните засега не се соопштуваат детали за идентитети на опфатените лица, а истрагата е во тек.

Back to top button
Close