Груевски се ,,врати” во Македонија, ама само на книга


Додека јавноста очекува да отпочне процесот за екстрадиција на екс премиерот Никола Груеваки од Унгарија, тој по неколку дена молк, по падот на Виктор Орбан, се јави на Фејсбук.

Но, наместо за актуелноте случувања поврзани со неговиот престој во Будимпешта, тој, како ништо да не било, си ја изрекламира неговата најнова книга и им порача на неговите фанови дека можат да ја купат на Саемот на книгата.

-Од денес до среда – 29 април 2026 година на Саемот на книгата, на штандот на издавачката куќа “Ѓурѓа”: “Добро е да се знае 2”, напиша Груевски.

Ваквата сигурност и лежерност на Груевски можеби се крие во тоа што тој најверојатно поседува унгарско државјанство.
Имено, како што веќе објави ,,Фокус”, повеќе релевантни извори и од земјава и од странство тврдат дека Груевски веќе неколку години поседува унгарско државјанство, што, според нив, само дополнително ја усложнува можноста за негова екстрадиција во земјава барем во скоро време, од причина што, објаснуваат нашите добро упатени соговорници, ретко која држава екстрадира свои државјани.

Back to top button
Close