(Видео) Трамп ќе заспиеше за време на состанок во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој наскоро ќе наполни 80 години, беше снимен како накратко ги затвора очите за време на јавен настап во Белата куќа, додека пред камерите се најавуваше договор со фармацевтската компанија „Регенерон“.

Настанот се случил во Овалната соба, каде покрај него биле присутни министри и претставници на фармацевтската индустрија. На дел од снимките се гледа како Трамп, во текот на обраќањето, за момент ги затвора очите, по што повторно се буди и продолжува да го следи настанот.

Снимките предизвикаа бројни реакции во јавноста и медиумите, особено затоа што Трамп во минатото често го критикуваше својот политички противник, поранешниот претседател Џо Бајден, користејќи го прекарот „Sleepy Joe“.

 

Ова не е првпат во јавноста да се појават вакви сцени. Според американските медиуми, слични моменти биле забележани и на претходни состаноци и конференции, меѓу кои и на седница на кабинетот и на прес-конференција во Мемфис.

 

Бела куќа во минатото ги отфрлаше ваквите интерпретации, наведувајќи дека претседателот не спие, туку „накратко ги одмора очите“ или „внимателно слуша“. Самиот Трамп, пак, во интервјуа изјавувал дека краткото затворање на очите му помага да се опушти и да се фокусира.

Случајот повторно ја отвори дебатата во американската јавност за неговата работна динамика и начин на учество на јавните настапи.

Back to top button
Close