Скопјанец фатен како шверцува Виетнамци кај „Богородица“
На 23.04.2026 околу 02:30 часот во близина на граничната линија со Грција, во атар на с. Богородица, полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода У.Ш.(48) од Скопје, поради сомнение дека со патничко возило „тојота корола“ со италијански национални ознаки, превезувал пет лица мигранти, сите од Виетнам.

По наредба на јавен обвинител, У.Ш. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија






