4.000 евра месечно ќе прима владиниот преставник како председател на одборот на директори во Телеком

Претседателот на одборот на директори на Македонски Телеком, Сашо Димитријески ќе добива повисок месечен надоместок ако Собранието на Друштвото го прифати предлогот на седницата закажана за 27 мај. Неговиот месечен надоместок ќе биде 250.000 денари.

„ Собранието на Друштвото определува нов месечен надоместок на Претседателот на Одборот на директори во нето износ од 250.000,00 денари. Месечниот надоместок на останатите членови на Одборот на директори на Друштвото којшто е утврден во Одлуката за определување на месечен надоместок на членовите на Одборот на директори на Друштвото (Арх. бр. 431766/1 од 18.12.2007 година) останува непроменет.
Оваа Одлука стапува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

Back to top button
Close