Жител од Кисела Вода: „Патот почна да пропаѓа пред несреќата“
Скопјанецот Љупчо Петковски, кој живее во непосредна близина на местото каде што се случи несреќата во Кисела Вода, реагираше на трагичниот настан, укажувајќи дека уште пред несреќата имало видливи промени на теренот.

„Јас живеам на 50 метра до местото каде што се случи несреќата. Во близина патот почна да пропаѓа точно во периодот кога почнаа да ја отвораат дупката за објектот. Дали е од механизацијата или земјиштето си давало знаци, не знам“, вели Петковски
Тој додава дека ваквите сигнали не смеат да се игнорираат и дека е неопходна детална истрага за околностите под кои се случила трагедијата.
„Само знам дека треба ова да се истражи и треба сите да бидеме заштитени, а не човечките животи да чинат помалку од приватни интереси. Све у државава е ‘судбин’ и од ништо не учиме“, истакна тој. објави Скопје1.






