Без лиценца превезувале туристи на Попова Шапка, а при обид да бидат спречени удриле вработен

Двајца мажи заработија кривична пријава откако со ратрак превезувале туристи на Попова Шапка без дозвола, а ситуацијата ескалирала кога се обиделе да ги спречат вработени од Националниот парк.

Според информациите од полицијата, 41-годишен скопјанец и 54-годишен жител на тетовското село Брвеница организирале превоз на туристи, иако немале лиценца ниту договор со надлежните.

Кога вработени од паркот се обиделе да ги запрат, наместо да се повлечат – тие упатиле закани.

Ситуацијата дополнително се влошила кога едниот од нив, управувајќи ратрак, се обидел да ги оттурне службените лица, при што со механичката корпа удрил еден од вработените.

По случајот реагирала полицијата, а против двајцата е поднесена кривична пријава за спречување службено лице во вршење должност.

 

Back to top button
Close