СДСМ: Бараме истрага за несреќата во Кисела Вода, каква е улогата на Орце Ѓорѓиевски


Денеска се случи уште една трагедија која не смее никако да се релативизира. Има загубени човечки животи, работници се борат за живот затоа што системот не функционира, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го преенсува интегрално.

Инвеститорот, фирмата којашто ја градела зградата се поврзува со политички структури на ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски, блиски до Орце Ѓорѓиевски, кој патем беше и градоначалник на Кисела Вода.

Коневски беше и адвокат ангажиран од Орце Ѓорѓиевски.

СДСМ бара детална истрага која ќе утврди одговорност на сите инволвирани од почеток до крај.

Како е дадена дозволата, односно одобрението за градба?

Кој го контролирал градилиштето? Дали општината извршила инспекциски надзор? Дали безбедноста била проверена или само потпишана на хартија?

Јавното обвинителство мора веднаш да ги обезбеди доказите од терен пред да се направи каков било обид за нивна измена или прикривање.

Back to top button
Close