Скопјанец извршил обљуба на 13 годишно девојче, па ја фотографирал – изречен е притвор

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М. (58) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик.

„Имено, истиот на 15.04.2026 година во Скопје извршил обљуба врз 13 годишно девојче од Скопје и истиот ја фотографирал. По преземени мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лицето е лишено од слобода и од него се одземени мобилен телефон и патничко моторно возило “мерцедес”“, велат од МВР.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор, објави Скопје1.мк.

Back to top button
Close