(Видео) Малолетник повреден во сообраќајка во Центар, удрен со тротинет

На 24 април 2026 година околу 20:10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Даме Груев“ и „Максим Горки“ се случила сообраќајна незгода.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, С.Н. (25) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, удрила во електричен тротинет управуван од 16-годишно лице.
View this post on Instagram
Во незгодата, малолетникот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, објави Скопје1.мк.






